Направено од две или повеќе стакла, одвоени со алуминиумска лајсна исполнета со материјал-текасил, овозможува звучна и термичка изолација, до толку повеќе, до колку слободниот простор се потполни со аргон. Истото може да се искомбинира и со калено или ламинирано стакло, заради дополнителна цврстина и заштита. Особено погодно е за домовите, заради својството да ја зачува топлотната енергија во зимскиот период.
Карактеристично за овој вид на стакло е што е премачкано со невидлив слој на специјална материја која има својство во летниот период да ги одбива ултравиолетовите зраци од надворешната средина, со што ги намалува трошоците настанати од разладните уреди во домовите. Истовремено, во зимскиот период ја зачувува топлотната енергија и ги зачувува трошоците за загревање, овозможувајѓи им продор на сончевите зраци.