НИЕ ИНИЦИРАМЕ ПРОМЕНИ!

Неспорен е фактот дека како резултат на визоинерскиот дух на менаџментот, инвестирањето во нова опрема  и прифаќањето на  новите предизвици, Изо Стакло ДОО Прилеп, успеа да се наметне во регионот како лидер во областа на преработката на стакло, за различни цели. Но, тука не застануваме! Развојниот процес сеуште трае.  Стаклото во себе крие многу можности кои мора да се искористат до максимум. Стабилната основа ни дава сигурност и слобода, веќе да размислуваме во друга насока. Иднината ветува многу!   Можеби  за момент ќе помислите дека сме далеку од светските достигнувања на ова поле, но верувајте- промените брзо доаѓаат и кај нас. Поради овие причини, ние бараме млади ентузијасти, спремни да се „ носат „ со  предизвиците на новото време, непоколебливи пионери , посветени на својот личен развој и развој на компанијата.

 

Зошто во ИЗО СТАКЛО?

- Заради тоа што веќе високо котираме во регионот!

-Заради тоа што преработувачката индустрија на стаклото спаѓа меѓу најбрзо растечките индустрии во светот!

-Заради тоа што искусниот кадар ќе Ви биде ветер во грб  кој ќе Ви овозможи да  стартувате успешно!

-Заради тоа што не оставаме да не „носи„ случајноста - ние планираме!

-Заради тоа што сме во движење - ние иницираме промени!

 

Започнете ја иднината во  ИЗО СТАКЛО ДОО ПРИЛЕП!

Контактирајте не преку следната форма