Станува збор за специјално стакло, произведено од специлајен ЛЦД смарт филм, поставен помеѓу два слоја на ПБВ фолија, ламинирано во стакло и поврзано со контактни електроди, кои овозможуваат проток на електрична енергија. Основниот принцип на работа го овозможуваат литиумските јони кои се наоѓаат во специјалниот смарт филм. Вака припременото стакло, кога е поврзано со извор на електрична енергија , како резултат на тоа што е овозможен слободен проток на литиумските јони, е транспарентно, додека кога е исклучено од изворот на електрична енергија, како резултат на хаотичното движење на литиумските јони, стаклото станува затемнето, т.е. непроѕирно. Со вградување на потенциометар може да се регулира интензитетот на светлината, а исто така со врадување на тајмер, се регулира времетраењето на светлосниот период.
Од техничко-квалитативен аспект, заради двојниот слој на ламинација, овој вид на стакло спаѓа во видот на високо квалитетно сигурносно стакло, кое овозможува висок степен на безбедност, овозможувајќи истовремено звучна и топлотна изолација .
Вака припремено, Gmart Glass стаклото овозможува дискреција и е погодно за вградување во канцеларии, каде само со едено притискања на далечинскиот управувач, отворениот простор се претвора во соба за состаноци. Може да се примени и во ресторани, барови, хотели или домови , како стилско решение за брз начин на овозможување на приватност, и на било кое друго место, на барање на клиентите.