Дали сте се запрашале како ќе изгледа Вашиот град во иднина?
Неспорен е фактот дека стаклото е основен градежен материјал и витална компонента во дизајнирањето на внатрешниот и надворешниот изглед на современите објекти, во кои тоа доминира со сета своја величенственост. Стаклените фасади се совршена комбинација на елеганција и стил. Современата технологија за обработка на стакло ни овозможува да ја реализираме скоро секоја креација и имагинација на човековиот ум.
Во зависност од потребите и карактеристиките на секој проект, постојат неколку системи кои можат да се користат. Произведено од повеќе слоеви на стакло и ПВБ фолија, овој вид на производ овозможува голема сигурност и звучна и топлотна изолација. Вака произведено може да се употребува за вградување во полуструктурални и структурални стаклени фасади, како и во преградни ѕидови во ентериер, или во алуминиумски и пвц рамки за прозори и врати.
Современите ентетриери, било да станува збор за деловни објекти или станбени објекти, не можат да се замислат без присуство на стакло. Впечатокот кој го остава ламинираното стакло вградено во ентериер, со својот сјај и софистициран изглед, нежно, а истовремено и цврсто, никого не може да остави рамнодушен. Уште и кога ќе се комбинира со вистинската комбинација на бои, впечатокот е извонреден. Впрочем , уверете се и сами и уживајте во глетката.
Ништо не е поважно од човековиот живот, а најмалку, парите, колку и да не се може без нив. Но ние Ви нудиме производ со кој ќе можете да ги зачувате и двете работи! Станува збор за ПАНЦИР стакло, кое е составено од повеќе слоеви на стакло и ПВБ фолија, со дебелина од 27-66 мм, во зависност од степенот на заштита кој се сака да се постигне во објектот. Произведено на овој начин, овозможува максимална заштита од оружје. Погодно е за банки, менувачници, трговски центри, и секаде онаму каде што постои опасност од вандализам.
Заради цврстината и издржливоста на притисок, се повеќе наоѓа примена како преграден ѕид во домови, или базени, настрешници, или како стаклен под.
„Сменете ја шофершајбната, пред да Ве казнат! СИГУРНО.....СИ Е СИГУРНО!.
ИЗО СТАКЛО ДОО Прилеп е единствен производител на шофершајбни во Р.Македонија. Најсовремената технологија со која располагаме ни овозможува сериско производство на шофершајбни за сите типови на возила-автомобили,товарни возила,автобуси.
Автомобилската програма опфаќа производство на криви ламинирани стакла-шофершајбни, рамно ламинирано и калено стакло за странични стакла за возила, како и калени стакла за земјоделска и градежна механизација.