Калено стакло - сигурна заштита

Каленото стакло е сигурносно стакло кое се произведува по пат на загревање на стаклото на екстремно висока температура, за потоа веднаш,преку термички шок,  со дување на ладен воздух, да се излади на нормална температура. Тоа е седум пати појако од стандардното стакло, поиздржливо на високи температури до 300 °Ц, а за сигурноста и  не се споредува, бидејќи не се крши на остри делови, туку на мали ситни парчина. Заради оваа особина каленото стакло се вградува  во трговски центри, деловни објекти и секаде онаму каде што има голема фрекфенција на луѓе и има потреба од дополнителна заштита, но  наоѓа широка примена и  во секојдневието. Нашата програма опфаќа производство на калено стакло за туш кабини, калени стаклени врати, лизгачки калени стаклени врати во деловни објекти, ресторани, калено стакло за надворешни и внатрешни огради, калени стакла за тракторски кабини и странични калени стакла за возила.